Top Sport

Чизора сакаше да го исплаши Усик пред пресметката

Британскиот тешкаш Дерек Чизора обоен во „воени бои“ влезе во остар напад на Олександере Усик на мерењето пред нивната пресметка во саботата, која за малку ќе почнеше предвреме.

Иако пред саботниот меч на „Вембли во Лондон, двајцата боксери си делеа комплименти и се гушкаа, атмосферата беше сосема различна кога Чизора се појави на мерењето обоен со бело и со порака „ВОЈНА“ на градите.

Украинецот Усик се обиде да остане смирен на провокациите на Чизора, пред да мора да интервенира и обезбедувањето.

Усик, олимпискиот шампион во супер-тешка категорија е задолжителен предизвикувач на ВБО појасот на Ентони Џошуа, но реши да влезе во рингот со ветеранот Чизора.

Scroll to Top