Менаџерот на Манчестер Сити – Шпанецот Пеп Гвардиола најави дека Серхио Кун Агуеро кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Бројни светски медиуми пренесуваат дека Аргентинецот кој од идниот месец е слободен играч ќе му се приклучи на сонародникот Меси во Каталонија, а сега гласините добија потврда и од Гвардиола.
„Можеби е близу до договор со клубот кој ми е во срцето, Барселона. Ќе игра покрај најдобриот – Лео Меси. Сигурен сум дека ќе ужива и ќе ја направи мојата Барса посилна“ рече Гвардиола.
„Десетката“ на Сити преку социјалните мрежи се прости со навивачите, а последниот меч во „синиот дрес“ ќе го има во сабота во Порто, во финалето на ЛШ против Челси.
Агуеро е дел од проектот на старо-новата управа во Барселона и претседателот Жоан Лапорта.
Покрај аргентинскиот голгетер, се очекува на „Ноу Камп“ идната сезона да бидат доведени и Холанѓанецот Мемфис Депај, неговиот сонродник Жоржињо Вајналдум, додека „сигурен“ е Ерик Гарсија.