Top Sport

Гвардиола пак со „бисер“: Цела Англија навива за Ливерпул

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола тврди дека „сите во оваа земја навиваат за Ливерпул“, откако неговиот тим го „прегази“ Њукасл во неделата за да се одвои на три поени пред „црвените“ на табелата.

Потоа, тој објасни дека иако Ливерпул има „неверојатна историја“ во Европа, во Премиерлигата имаат само една титула во 30 години.

„Пред една недела никој не зборуваше за титула… Бевме на еден поен предност, а сите во овааа земја навиваат за Ливерпул, медиумите и сите други. Секако, бидејќи Ливерпул има неверојатна историја во Европа, но не во Премиерлигата, каде што имаат една титула во 30 години, но тоа не е проблем. Ситуацијата е таа. Треба да освоиме девет поени, можеби шест сега, зависи од гол-разликата. Најважно е што е во нашите раце“, вели Гвардиола.

Запрашан дали навистина мисли дека Англија сака Ливерпул да победи, Гвардиола објасни.

„Ливерпул покрај Манчестер јунајтед се најважните клубови во онос на историјата, наслеството, драмата. Но, во последните 11-12 години сме тука. Знам дека понекогаш сме незгодни, но не ми е грижа. Не е проблем ако луѓето сакаат Ливерпул да не победи“, вели Гвардиола.

Scroll to Top