Манчестер сити со победа 3:1 на тешкото гостување кај Вулверхемптон стартуваше во новата сезона. „Граѓаните“ во четвток имаат нов натпревар, во 1/16 финалето во Лига купот (Карабао куп) против Бортнмут.
По мечот со Вулверхемптон менаџерот на Сото, Пеп Гвардиола, најавил дека на мечот со Борнмут во тимот ќе бидат јуниори и играчи од резервниот состав, бидејќи веќе в недела во премиер лигата ќе играат против Лестер.
„Три пати во низа го освоивме Карабао купот и би сакале да ја поврзиме серијата, меѓутоа ние немаме доволно фудбалери во овој момент за да можеме да играме на секои три дена“, рекол Гвардиола.
Англичаните сметаат дека Лига купот е помалку важен во споредба со трофеите во ФА купот и Премиер лигата.