Top Sport

Јовиќ побарал да се врати во Ајнтрахт

Лука Јовиќ до крајот на преодниот рок ќе го напупти Реал Мадрид, Србинот не успеа да му се наметне на тренерот Зинедин Зидан откако минатото лето за 60.000.000 евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан по неделниот натпревар во Сан Себастијан, рекол дека за Јовиќ најдобро ќе биде да замине некаде на позајмица каде што ќе игра и ќе собира искуство. Со други зборови додека Карим Бензема е во Реал тој нема да може да дојде до првиот тим.

Интерс за Јовиќ наводно покажале Милан и Рома, меѓутоа синоќа ЕФЕ на својата интернет страница, повикувајќи се на извори блиски до фудбалерот, објави дека тој го известил Реал дека сака да се врати во Ајнтрахт Франкфурт.

Според овој извор Реал веќе стапиле во контакт со колегите од Ајнтрахт во обид да ги договорат условите под кои би била реализирана позајмицата.

Јовиќ блескаше за Ајнтрахт во сезоната 2018/2019 кога постигна 27 гола. Вкупно во две сезони за клубот од Франкфурт одиграл 75 натпревари на кои постигнал 36 гола и забележал девет асистенции.

Scroll to Top