Top Sport

Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б

Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.

„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.

„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.

Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.

Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:

„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“

Scroll to Top