Top Sport

Гвардиола по ремито со Нотингем Форест: Одигравме еден од најдобрите натпревари

Манчестер Сити го победи Арсенал на гости со 1:3 и сите очекуваа дека многу лесно ќе продолжи во ист стил и против Нотингем Форест. Но, мечот заврши 1:1, откако фудбалерите на Пеп Гвардиола не реализираа голем број шанси.

Менаџерот на „граѓаните“ изјави дека неговите играчи ја прикажале една од најдобрите игри од почетокот на сезоната.

„Одигравме исклучително добар натпревар. Имавме одлични моменти, но таков е фудбалот. Требаше да постигнеме гол. Направивме сѐ што можевме. Имавме премногу чисти шанси за гол. Тоа беше еден од нашите најдобри натпревари, но загубивме два бода. Требаше да бидеме поагресивни. Има уште многу натпревари и добро ни е познато тоа“, изјави Гвардиола.

По оваа средба Манчестер Сити има 52 бода и заостанува два бода зад лидерот Арсенал кој има и натпревар помалку.

Scroll to Top