Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговото ангажманот на „Етихад“ ќе му биде последен во клупскиот фудбал.
Шпанскиот стратег за „АС“ не дефинираше колку долго планира да остане на чело на клубот, но истакна дека нема намера после тоа да трениера друг клуб.
„Нема да тренирам друг тим по Сити. Сигурно не би имал енергија да ги поминам сите почетни процеси со нови играчи во блиска иднина. Можеби би презел репрезентација, но тоа е сосема поинаку“, изјави поранешниот тренер на Барселона и додаде:
„Само сакам да одам некаде и да играм голф. Мислам дека добро ќе ми дојде малку да одморам“.
Гвардиола неодамна го продолжи договорот со Манчестер сити до 2027 година. Од моментот кога го продолжи договорот, Сити победија само еднаш во девет натпревари (3:0 против Нотингем Форест).
Поранешниот шпански репрезентативец дојде во Англија во летото 2016 година и со „небесносините“ освои шест титули во Премиер лигата, четири Лига купови, три ФА купа, два ФА купа, Суперкупот на Европа, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Екипата на Манчестер сити, вечерва му гостува на Јувентус во Лигата на шампионите, а во недела ќе го пречека Манчестер јунајтед во градското дерби во Премиер лигата.