Top Sport

Гвардиола подготвен за нов договор со Сити

Пеп Гвардиола вели дека е подготвен да потпише нов договор со шампионите од Премиер лигата, Манчестер сити, така „рушејќи“ го митот дека не сака долг престој во еден клуб по релативно кратките периоди на чело на Барселона и Баерн Минхен.

48-годишниот Гвардиола го предводеше Сити до две титули од Премиер лигата, и една од ФА купот и Лига купот по пристигнувањето во 2016, лани потпиша продолжување на договорот до 2021 година.

„Отворен сум за таква идеја, да. Не се работи за тоа дали клубот ме сака или не. Сакам да ја видам и реакцијата на моите фудбалери, така што не е најважно дали јас имам желба. По пет години заедно треба сите да сакате да продолжите заедно. Исто така, работите зависат и од резултатите. Ќе видиме што ќе се случи оваа и следната сезона“, вели Гвардиола во интервју за „Би-би-си“.

Scroll to Top