Манчестер сити утре ќе можат да ја потврдат двојната титула во англискиот фудбал со победа над градските ривали Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот на „Вембли“ и да останат на чекор од тројна титула пред финалето во Лигата на шампиони против Интер, но Пеп Гвардиола вели дека се работи за „еден меч, 90 минути“ и ги предупреди своите играчи да не паѓаат на „менталните игри“ на противниот.
Манчестер јунајтед се единствениот англиски клуб кој ги освоил трофеите од Премиерлигата, ФА купот и Лигата на шампион со легендарниот тим на Сер Алекс Фергусон во 1999 година. Пред мечот, Бруно Фернандеш го мотивираше Јунајтед со историјата, но посочи дека Сити се најдобриот тим на светот во финалето. Гвардиола делумно се согласува.
„Понекогаш е така, но понекогаш не играме добро. Се работи за фудбалски меч. Финалето е тоа. 90 минути. Не се работи за тоа што сме го направиле во минатото, колку добро сме играле. Важно е како ќе се покажете како тим, во тие 90-95 минути. Во Премиерлигата бевме подобри од нив, не само сега туку многу години. Но, ова е само еден меч и потребно е да излеземе во нашата најдобра верзија“, вели Гвардиола.