Top Sport

Интер си обезбеди привремен спонзор на дресовите за финалето на ЛШ

Интер објавија дека стриминг-платформата „Paramount+“ ќе биде нивни спонзор на дресовите за финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити и за последниот меч од Серија А, склопувајќи привремен договор, одбивајќи ја понудата на порно-платформите.

„Нераѕурите“ играа без спонзор последните неколку недели откако крито-компанијата „DigitalBits“ не ги исплати договорените 30 милиони евра од договорот за спонзорство. Првата идеја на клубот беше да се склучи договор со добротворна организација, но на крајот успеаја да склучат краткорочен договор, по кој ќе почне потрагата за спонзор за следната сезона.

18+ страницa му нуди спонзорство од 100 милиони евра на Интер

Scroll to Top