Иако имал неколку месеци останато од договорот со Баерн Минхен, Пеп Гвардиола потпишал договор да биде тренер на Манчестер сити од следната сезона, открива веб-сајтот „Фудбал ликс“, кој продолжува да ги испитува финансиските прекршувања на Сити и Пари Сен-Жермен.
Според „Фудбал ликс“, договорот меѓу Гвардиола и сопствениците на Сити бил потпишан на 10 октомври 2015 година, по само неколку месеци од стартот на третата сезона на клупата на Баварците. Според германскиот „Дер шпигел“, Сити имале „тајна мисија“ да потпишат договор со Каталонецот, со обврска никој да не коментира за договореното.
Во првата сезона со Сити, Гвардиола заработил 15.45 милиони евра од Сити, сума која пораснала на 19 милиони евра за следната сезона.
Неколку дена откако се договорил со Баерн, британскиот „Сандеј мирор“ објавил вест за преговорите на Пеп со Чики Бегиристаин во Барселона, кога веќе договорот бил потпишал. 47-годишниот Гвардиола конечно призна дека сака да потпише договор со „граѓаните“ во јануари 2016, и официјалното соопштение дојде месец дена подоцна.
Фото: ЕПА