Top Sport

Гвардиола предупредува: Тимовите на Анчелоти секогаш ги победуваат моите тимови

Пеп Гвардиола вели дека не го заслужува епитетот „гениј“ кој му го додели Карло Анчелоти, предупредувајќи дека новиот тим на италијанскиот стручњак, Евертон може да му создаде многу проблеми на Манчестер сити.

Откако Анчелоти на прес-конференцијата го испофали Гвардиола, тренерот на Сити возврати со иста мерка за еден од најуспешните европски тренери во историјата.

„Евертон е Евертон, еден од најголемите, најтрадиционалните, најисториските тимови во Англија со неверојатни фудбалери. Тие се мачеа оваа година, но квалитетот е тука, а сега имаат менаџер со неверојатно искуство. Карло е еден од најумните луѓе во фудбалот и секогаш ги мотивира своите фудбалери. Го познавам многу добро, иако ретко сме играле еден против друг и секогаш неговите тимови ги победувале моите. Се работи за неверојатен џентлмен и фантастично е за англискиот фудбал што таков тренер доаѓа во Премиер лигата“, вели Гвардиола пред новогодишниот дуел со Евертон.

Scroll to Top