Top Sport

Шарапова се враќа на тенисот во Бризбејн

Поранешната светска тенисерка број 1, Марија Шарапова ќе се врати на ВТА турнејата следната недела на Бризбејн интернешнл, откако доби вајлд-карта за настап на подготвителниот меч за Австралија опен.

32-годишната Русинка, која последен пат играше во првото коло на Флешинг Медоуз во август, падна на 133. место на ВТА-листата во сезона во која повредата на рамото ја ограничи на само осум турнири. Петкратната гренд слем шампионка се приклучува на силниот турнир на кој играат и светската тенисерка број 1, Ешли Барти, Наоми Осака и Каролина Плишкова.

„Ова е свеж почеток по тешка сезона. Имаше време кога јас бев подготвена, но рамото не беше. Но, сега сум мотивирана да се вратам и тоа е доволна причина да бидам оптимистички расположена. Да бидам фер, никогаш не замислував дека ќе играм тенис по мојата 30-та година, но имам доволно сила да се натпреварувам“, изјави Шарапова.

Scroll to Top