Пеп Гвардиола признава дека неговиот Манчестер сити може да го загуби рекордот по бројот на поените од Ливерпул оваа сезона, откако „граѓаните“ во 2017/18 постигнаа 100 поени во Премиер лигата, што тогаш се сметаше за неверојатен успех.
Дури и „непобедливите“ на Арсенал од 2003/04 имаа собрано 90 поени од 38 натпревари, но оваа година сите рекорди можат да паднат од страна на неверојатниот тим на Ливерпул, кој веќе има 22 победи во 23 натпревари.
„Да, тоа може да се случи, но рекордите се тука да се рушат. И ние срушивме друг рекорд и порано или подоцна и тој ќе падне. Не е лесно да се победат Ливерпул, бидејќи очигледно најдоа начин да победуваат без прекин“, вели Гвардиола.