Top Sport

Гвардиола сака да се врати во Италија!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола најави дека би сакал по ангажманот кај „граѓаните“ да се проба како тренер во Италија. Шпанецот изјави желба да се врати на Апенините каде од 2001 до 2003 година го носеше дресот на Бреша и Рома.

„Да водам екипа од Италија: Зошто да не. Задоволство беше таму да се игра кај големиот Мацоне. Поминав убаво време во Италија, ја сакам таа земја. Сепак, сега ми е добро во Англија“ – изјави Пеп Гвардиола за италијански „Скај“.

Шпанскиот стратег често се поврзува со преземање на кормилото на Јувентус, последен пат летоска пред Сари да биде именуван како наследник на Масимилијано Алегри.

„Моментно сум во сјајната Премиерлига, меѓутоа еден ден би сакал да бидам во Италија. Не сум толку стар“ вели Гвардиола.

Договорот на Шпанецот со Манчестер Сити е до 2021 година.

Scroll to Top