Top Sport

Објавен списокот за дуелите со Австрија и Израел, повик за Аврамовски од Вардар

Селекторот на фудбалската селекција на Македонија, Игор Ангеловски денеска го објави списокот на оние фудбалери на кои ќе смета за дуелите со Австрија и Израел во пследните две кола од квалификациските мечеви за пласман на ЕУРО 2020.

На списокот имаше место и за најдобриот стрелец на скопски Вардар, Даниел Аврамовски.

Освен него, по подолго во А селекцијата се враќа и фудбалерот на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев.

На првиот меч со Австрија без право на настап ќе бидат Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски, но тие ќе му бидат на располагање на селекторот за дуелот со Израел.

На списокот е изоставен играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми кој доби поштеда за да ја излечи повредата која ја влече подолг период.

Scroll to Top