Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не завршил со формирањето на неговиот тим и ќе разговара со иднината на секој фудбалер во тимот во следните два трансфер-периоди, изјави Шпанецот.
Сити потроши над 200 милиони фунти последната година, додека Гвардиола набавуваше играчи од одбраната, средниот ред и нападот. Бековите Бенжамин Менди и Кајл Вокер беа донесени за повеќе од 100 милиони фунти пред стартот на сезоната, заедно со десниот бек Данило, крилото Бернардо Силва и голманот Едерсон.
Овој „проширен“ состав донесе до тоа некои играчи веќе да не добиваат голема минутажа и да јавно да го искажат своето незадоволство, како дефанзивецот Елиаким Мангала и Јаја Туре, и Гвардиола вели дека тие кои не се задоволни ќе можат да си заминат.
„Во иднина, во текот на зимската пауза и во летниот преоден рок, ќе смениме апсолутно сè. Не само со Мангала, туку со сите. Клубот ќе ги праша дали се задоволни ли не. Ако сакаат да играат на позицијата која ја имаат, ќе можат да го направат тоа. Иднината е таква. Секогаш сакаме фудбалери кои сакаат да играат за нас“, вели Гвардиола.
Сепак, потрошените пари го донесоа потребното – Сити се на првото место во Премиер лигата со осум поени предност, а играчите кои Гвардиола ги донесе минатата сезона – Џон Стоунс, Лирој Сане и Габриел Жесус имаат огромно влијание на играта.