Top Sport

Гвардиола саркастично: Реал потпишуваат со добри фудбалери, но само Сити троши пари

Реал Мадрид веќе ги донесоа Лука Јовиќ и Еден Азар во летниот преоден рок, но нивниот „вечен ривал“, поранешниот тренер на Барселона, а сега прв човек на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, иронично посочи дека само Сити се „големите трошачи“ во европскиот фудбал.

„Реал Мадрид потпишуваат со добри фудбалери, но само Манчестер сити трошат пари. Тој што ќе дојде од Челси е многу добар. Азар е многу импресивен фудбалер и еден од најдобрите кои сум ги гледал. Ќе има многу интересно со него во Ла лига“, вели Гвардиола, кој е назад во својата татковина.

На критиките дека не успеал да ја освои титулата од Лигата на шампионите по заминувањето од Барселона, Гвардиола одговори дека лигашката титула секогаш има предност.

„Во Лигата на шампионите има многу добри клубови кои заслужуваат титула. Но, лигата е најважна, бидејќи те прави посреќен. Кога оди лошо е многу тешко, но ако загубиш во ЛШ, тогаш мислиш само два дена. Затоа лигата е поубава и позабавна“, додаде Гвардиола.

Scroll to Top