Top Sport

Реал го потврдија и Менди, досега потрошија 331 милиони евра!

Реал Мадрид го продолжува „нападот“ на трансфер-пазарот, откако го потврди доаѓањето на левиот бек Ферлан Менди од Лион во договор кој може на крајот да ги чини 53 милиони евра.

Менди добива шестгодишен договор на „Бернабеу“ и официјално ќе биде презентиран следната среда. 24-годишниот бек, кој има три настапи за репрезентацијата на Франција, се приклучува на долгата листа на засилувања за „лос бланкос“ по Лука Јовиќ, Еден Азар, централниот бек Едер Милисао, напаѓачот Родриго Гоеш и голманите Андриј Лунин и Брахим Диаз како нови фудбалери на „кралевите“ за 2019/20.

Ова не е големо изненадување бидејќи претходно францускиот селектор Дидие Дешам потврди дека Менди од „втората лига пред две години, сега ќе игра за Реал Мадрид“. Менди дојде во Лион од Ле Авр во 2017 за 5 милиони евра.

Додека бројот на фудбалери кој пристигнува е голем, досега од Реал си замина само Оскар Родригез на позајмица во Леганес. Се очекува дозвола да си заминат да добијат Борха Мајорал, Хамес Родригез, Кејлор Навас и Герет Бејл, а познато е дека претседателот Флорентино Перез ги бара уште Кристијан Ериксен од Тотенхем и Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Scroll to Top