Top Sport

Гвардиола: Се мачиме, немаме баланс во играта

Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0 и ја продолжи агонијата во која се наоѓа тимот на пеп Гвардиола. Ова е најдолга низа на порази на актуелен шампион во Англија уште од 1956 година, ког Челси исто така имаше пет порази по ред. Оваа серија порази е најдолга во кариерата на за многумина најдобриот тренер во моментов, Гвардиола.

„Ние сме во таков момент, немаме баланс. Има неколку причини зошто не сме во состојба да бидеме константни во нашата игра. Имаше и играчи кои доцна се вратија, некои не се доволно закрепнати од повредите, имаше многу пропусти. И, не можам, а да не очекувам нашите ривали да не создаваат шанси. Почнавме многу добро, имавме шанси, а потоа тие поведоа од првата шанса…“ – изјави Гвардиола.

Фудбалерите на Сити не можеа ниту физички да се носат со ривалот.

„Не успеавме да ги издржиме дуелите како обично, се мачиме но сезоната е долга. Се може да се случи. Гостување во Ливерпул? Прво ја имаме Лигата на шампионите против Феенорд, не знам што ќе се случи на „Енфилд“ Ситуацијата е нова за нас, нашата игра постои, но се мачиме да постигнеме гол“, рече Шпанецот.

Scroll to Top