Top Sport

Гвардиола се сретна со затворените каталонски лидери

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се сретна со затворените катаонски лидери во четвртокот навечер при посетата на затворот во Ледонерс во близината на Барселона, за уште еденаш да даде поддршка на независноста на Каталонија.

Гвардиола беше фотографиран со Жорди Куичарт, каталонскиот активист кого го очекува 17 години затвор за прогласувањето на независноста минатиот октомври.

„Порака од затвор. Благодарам, Пеп Гвардиола за покажаниот лидерски квалитет, посветеноста и солидарноста и за потсетувањето дека тимската работа нема граници. Бесконечно сум благодарен“, напиша Куичарт на Твитер.

Гвардиола се сретна со поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, кого го очекува казна од 25 години затвор за бунт, како и Жоаким Форн и Раул Ромева, поранешните министри во каталонската влада, кои исто така ги очекува долга затворска казна.

Каталонецот, кој во март беше казнет со 20.000 фунти од Англиската Фудбалска асоцијација за носење на жолта лента во знак на поддршка за затворените, исто така одржал говор во затворот, пред да замине во родниот град Санпедор, едно од упориштата на каталонската независност.

Scroll to Top