Top Sport

Хабиб тренира фудбал: Јас сум слободен агент и прифаќам понуди

Хабиб Нурмагомедов, покрај тоа што е непоразен УФЦ шампион во лесна категорија, е и огромен фудбалски фан, така што не чуди што на шега порача дека е слободен агент во јануарскиот преоден рок во обид да убеди некој тим да го донесе.

Хабиб се повлече од октагонот по победата на Џастин Гетџи во октомври за да го подобри скорот 29-0, а и покрај обидите на УФЦ шефот Дејна Вајт да го врати на борбите, тој тврди дека нема вистински предизвик.

„Се подготвувам за моето фудбалско деби. Јас сум слободен агент и подготвен сум да прифатам понуди“, напиша Дагестанецот на Инстаграм.

Хабиб е познат навивач на локалниот фудбалски клуб Анжи Махачкала, но и на Реал Мадрид, а исто така има блиски пријателства со фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Scroll to Top