Top Sport

Гвардиола: Секако дека ќе гледам Ливерпул-Јунајтед

Откако Манчестер сити се врати на првото место во Премиер лигата, Пеп Гвардиола признава дека ќе го гледа неделното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Сити со 3:1 го победи Евертон на „Етихад“ за да ги „скокнат“ Ливерпул на првото место на табелата, но „црвените“ можат да се вратат триумфално на врвот утре со победа над својот вечен ривал. Гвардиола ќе следи што се случува.

„Секако дека ќе го гледам мечот Ливерпул-Манчестер јунајтед. Тоа секогаш е убав натпревар за гледање. Ќе следам што се случува“, вели Гвардиола.

Фото: ЕПА

Scroll to Top