Top Sport

Канело го „здроби“ Роки за само три рунди (видео)

Саул „Канело“ Алварез го потврди својот статус на една од најголемите боксерски ѕвезди на денешницата, откако четири пати го прати на подот Британецот Роки Филдинг за само осум минути во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк за да ја освои ВБА титулата во супер-средна категорија.

Со убедливата победа пред 20.000 гледачи, Алварез стигна до својата трета титула во различна категорија и ова беше совршен старт на неверојатниот договор со кој Мексиканецот за 11 меча ќе заработи 365 милиони долари.

28-годишниот Канело (51-2-1, 35 КО) доминираше над противникот кој беше далеку повисок од него, упатувајќи удари по волја и праќајќи го на колена на една минута пред крајот на рундата. Филдинг стана, но тоа беше само почеток на неговата голгота.

„Планот беше да го нападнам од почеток. Тој направи грешка што реши да оди удар-за-удар со мене“, изјави Алварез, кој упати 141 удари од кои дури 73 го погодија противиникот.

Scroll to Top