Top Sport

Гвардиола: Сигурен сум дека Кевин ќе потпише

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека е сигурен дека Кевин де Брујне ќе потпише долгорочен договор со клубот по медиумските шпекулации дека ја одбил првичната понуда бидејќи не е задоволен од финансиските услови кои му се понудени.

29-годишниот Белгиец лани ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата, и се промовираше во столб на тимот по пристигнувањето од Волфсбург во август 2015 за тогаш рекордни за клубот 55 милиони фунти. Тој има договор уште две и пол сезони, но Сити сакаат да го осигураат до крајот на кариерата.

„Сигурен сум дека Кевин ќе остане во клубот, но во исто време, морам да почитувам да продолжи процесот и да се завршат разговорите. Не знам што се случува бидејќи не сум зборувал со директорот за фудбал, Чики Бегиристаин, но знам како го цениме Кевин, не само како фудбалер туку и како личност. На крајот тоа е негова одлука и сам ќе ја донесе“, вели Гвардиола.

Де Брујне „навреден“ од понудата од 280.000 фунти неделно, недостојна за најдобриот

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');