Top Sport

Гвардиола со писмо до сите 114 навивачи на Сити кои патуваа во Украина

Пеп  Гвардиола им се заблагодари на сите 114 навивачи на Манчестер сити кои отпатуваа во Украина за дуелот од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк.

Сити мораа да патуваат до Харкив за нивниот дуел од групата Ц од ЛШ, патување од над 5.000 километри (во два правци) за англиските навивачи. Сити стигна до 3:0 победа и Гвардиола реши да им се заблагодари на сите кои беа на „Обласни спорткомплекс металист“ стадионот.

„Драг навивач, на 18 септември ти и уште 113 посветени навивачи го направија долгото патување за да го гледате нашиот тим против Шахтјор во Украина и ја користам оваа пригода да ви се заблагодарам. Игравме против силен тим, но ја контролиравме играта и заслужено победивме. Како што секогаш сум кажувал, без нашите навивачи ние сме ништо“, стои во писмото.

Покрај тоа, стратегот потврди дека 114-те навивачи ќе добијат награда на реваншот на „Етихад“.

„Како гест на благодарност, вие сте поканети во центарот на Сити за дуелот на 26 ноември 2019“, додава Гвардиола.

Овој пакет обично чини над 600 фунти.

Scroll to Top