Top Sport

Пеле: Меси е најкомплетниот фудбалер на светот

Кога те фали Пеле, тоа значи дека навистина си добар. Легендата на бразилскиот фудбал вели дека Лионел Меси е најкомплетниот фудбалер на светот и дека би сакал да имал шанса да игра покрај него.

Во интервју за „Ла газета дело спорт“, 79-годишниот Пеле ги именуваше Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар како тројцата елитни фудбалери на денешницата, но признава дека неговиот омилен фудбалер е Меси.

„Размислувам често за Лео Меси. Се работи за фудбалер со вештина, кој знае да асистира, да дава голови, да дрибла. Да бевме во ист тим заедно, противниците ќе беа многу загрижени со двајца такви фудбалери. Денеска, Меси е најкомплетниот фудбалер“, вели Пеле.

Но, тој исто така вели дека жали што нема повеќе првокласни фудбалери во модерната фудбалска ера.

„Порано, ќе најдеше двајца-тројца во секоја земја со голема фудбалска култура. Еузебио, Антонио Симоес, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Диего Марадона, Гаринча, Диди… Колку кажав? Порано ги имаше толку многу. Денеска имаме два-тројца и тоа на цел свет. Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, кој за жал уште не стана голем лик во Бразил“, објаснува Бразилецот.

Scroll to Top