Top Sport

Гвардиола: Спорните ситуации? Ќе го прашате Рајли и луѓето од ВАР-собата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по дербито на „Енфилд“ рекол дека е горд на своите фудбалери и покрај поразот од Ливерпул (3:1). Гвардиола не сакал да ги коментира спорните ситуации.

Ливерпул по победата над Манчестер сити има девет бода повеќе од конкурентот за титулата.

„Поради начинот на кој што игравме на стадион каде е тешко да се игра покажавме дека сме шампионски тим. Можам да бидам горд на своите играчи за она што го прикажаа против најсилниот тим во Европа“, рекол Гвардиола.

Дербито не можеше да мине без контроверзни ситуации, а спорни особено се две ситуации во кои Александар-Арнолд играше со рака во својот шеснаесетник.

„За тие ситуации немојте да ме прашувате мене, ги имате судиите, прашајте ги нив. Мајк Рајли и луѓето од ВАР-собата, нив треба да ги прашате. Јас сакам да зборувам за нашата игра, која беше добра, можеби најдобра сезонава. Тешко е кога на ќе примиш два гола на начин на кој што ние ги примивме, но потоа нашата реакција беше одлична. мораме да продолжиме да напредуваме. Дали можеме до титулата? Не знам не сум магионичар. Знам само дека следен ривал ние Челси и дека ќе се обидеме да победиме“, заклучил Гвардиола.

Инаку по поразот од Ливерпул Сити се наоѓаат на четвртото место на табелата, со бод повеќе пред нив се Челси и Лестер.

Scroll to Top