Top Sport

Гвардиола: Стареам, пријатели мои

Арсенал и Манчестер сити одиграа нерешено 1:1 во Лондон во натпреварот од петтото коло од Премиер лигата. Ерлинг Халанд постигна гол за Манчестер сити, а Габриел Мартинели за Арсенал во 93-та минута.

Манчестер сити поведе во деветтата минута. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, го коментираше натпреварот.

„Разочаран сум од резултатот. Бевме неверојатно силни. Зад нас е тешка недела. Тешко е да се игра со ова темпо. Противникот беше многу добар, па резултатот е фер на крајот. Овој тим мора да расте, има многу нови играчи, вклучувајќи ја и многу важната позиција голман. Ова е млад тим, никогаш не сме имале помлад. Мора да одиме чекор по чекор“, рече тој.

Новинарите го прашаа зошто решил да го испрати истиот состав на теренот како и во претходниот натпревар.

„Затоа што се разбудив вчера и си реков дека ќе играат истите играчи. Понекогаш се изненадувам себеси. Стареам, пријатели мои“, одговори шпанскиот тренер.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top