Top Sport

Гвардиола: Сте виделе ли шампион во јануари?

Пеп Гвардиола е толку голем перфекционист што нема да дозволи да се „занесе“ со предвидувањата дека Манчестер сити уште во јануари ќе ја имаат во „торба“ титулата од Премиер лигата.

Сити во саботата го израмни рекордот од 28 поени по 10 натпревари во англиската лига (успех кој сега само двапати е направен), но Гвардиола беше загрижен што тие стигнаа само до тесна 3:2 победа на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.

Претходно, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп посочи дека Сити се толку незапирливи што петте поени предност што ги имаат пред градските ривали Јунајтед значи дека трката за титулата може да биде решена уште во јануари.

„Дали некогаш сте виделе шампиони во јануари? Ниту јас. Расположението е добро, постигнуваме голови, но и малку примаме“, вели Гвардиола.

Сити има гол разлика од +29, далеку подобра од Челси од 2005 и Манчестер сити од 2011, двата тима кои досега имаа 28 поени по 10 натпревари.

Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Тони Пјулис исто така предупреди да не се прават предвремени проценки.

„Кога ќе дојде зимата, ќе гледате слично нешто што им се случи на Манчестер јунајтед кога отидоа во Хадерсфилд и беше ветровито и дождливо. Има многу пречки за поминување, и ништо не е во ’торбата’“, изјави Пјулис.

Scroll to Top