Пеп Гвардиола е „гладен“ за нови успеси со Манчестер сити иако лани рекордно ја освои титулата од Премиер лигата.
„Граѓаните“ ја почнуваат новата сезоан вечерва со дуел од Комјунити шилд (англискиот суперкуп) против Челси, уште една шанса да се освои титулата како круна на минатогодишната рекордна сезона, втора на чело на тимот од Манчестер. Лани, Сити го освои Карабао купот (лига-купот) и стана првиот тим од ПЛ со над 100 поени, а исто така имаа рекорден број на голови и победи.
„Од моја гледна точка, фудбалерите и навивачите не треба да се загрижени – подготвен сум да се обидам да го направам тоа повторно. Стравот од губење ме прави гладен за победи. Не го сакам чувството кога губиш, и верувам дека е исто така за сите менаџери на светот. Кога ќе загубиш се чувствуваш лошо, виновно и не ти е добро ниту во личниот живот. Затоа сакам да го иззбегнам тоа, од едноставниот страв од пораз“, вели Гвардиола.
Тие кои се заинтересирани за методите на работа на Гвардиола ќе имаат шанса да ги запознаат поблиску кога ќе се објави ТВ-серијата на „Амазон“ снимана во текот на сезоната 2017/18. Трејлерот го покажува шефот на Сити како им кажува на фудбалерите дека понекогаш играат подобро кога му се лутат или го мразат.
„Да, вистина е дека некогаш фудбалерите треба да ги гушнеш и да бидеш блиску до нив, но исто така понекогаш кога не им зборуваш играат подобро. Секој човек е поинаков. Некои од нив играат подобро кога ми се лути или кога ќе им викам. За мене најважно е да играат подобро, а не да имаат добри односи за мене“, вели Гвардиола.