Top Sport

Фоњини со трофејот од Лос Кабос

Фабио Фоњини го шокираше првиот носител Хуан Мартин дел Потро со убедлива 6:4/6:2 победа за да ја освои титулата од Лос Кабос опен во Мексико.

Аргентинецот започна посилно бравејќи два брејка за 3:0 водство, но Фоњини почна да игра подобро, додека Делпо се мачеше со својот форхенд. Со доста ризични удари, Италијанецот го освои првиот сет, пред во вториот со два брејка да стигне до импресивната победа.

Ова е осма титула за 31-годишниот Италијанец, но прва на хардкорт подлога, откако сите претходни титули дојдоа на земјена подлога. 2018 е дефинитивно најдобрата сезона во кариерата за Фоњини, откако веќе победи на турнирите во Сао Пауло и Бастад и од понеделник ќе биде на 14. место на АТП листата. Од друга страна, Дел Потро не успеа да ја освои втората титула во Мексико оваа година откако во мај победи во Акапулко.

Фото: ЕПА

Scroll to Top