Top Sport

Гвардиола: Судбината повеќе не е во наши раце

Манчестер Сити и Евертон одиграа 3:3 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 35-то коло од Премиер лигата.

Клубот од Манчестер испушти важни два бода во борбата за Арсенал и врвот на Премиер лигата. Жереми Доку, со гол во 97-та минута спречи пораз на Сити.

„Одигравме навистина добро прво полувреме. Во второто, тие се беа на повисоко ниво. Им подаривме гол, но откако се вратија во игра, го направија вистински англиски натпревар, со толку многу агресија во дуелите. Но, генерално игравме многу добро“, рече тренерот на Сити, Пеп Гвардиола и продолжи:

„Додека не заврши, ќе продолжиме да се бориме. Гостувањета кај Евертон секогаш се тешки. Сега нашата судбина повеќе не е во наши раце. Имаме уште четири натпревари и ќе видиме што ќе се случи“, заклучи тој.

Ова е голем неуспех за Сити, кој е пет бода зад Арсенал со натпревар помалку.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');