Top Sport

Гвардиола: Треба да ги повториме успесите од минатата сезона

Maнчестер Сити е подготвен да брка нови трофеи и почести во новата сезона, откако минатата година освои историска тројна круна, изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола.

“Не знам колку ќе бидеме доследни по постигнатото. Сепак, ќе му кажам на тимот да не го заборави она што го освоивме, туку да се обиде да го направи тоа повторно – чекор по чекор”, изјави шпанскиот стратег за медиумите пред првата контрола на Манчестер Сити против Јокохама Маринос во Токио.

„Се обидуваме да го најдеме нашиот стил, нашиот ритам и да се потсетиме каков тим сме“, додаде Гвардиола.

Манчестер Сити ќе ја отвори сезоната против вицешампионот Арсенал на 6 август во пресметка во „Комјунити Шилд“. После тоа, англискиот тим ќе се обиде да го освои Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Манчестер Сити, исто така, ќе игра против Баерн Минхен во Токио во среда, а потоа ќе се сретне и со Атлетико Мадрид во Сеул.

 

Scroll to Top