Top Sport

Неверојатен кикс на Роналдо, може да остане без милиони

Ал Наср минатиот понеделник одигра пријателски натпревар со Селта и доживеа дебакл од 5:0. Кристијано Роналдо играше во првото полувреме и излезе од игра, па сите пет гола на Шпанците во вториот дел ги гледаше од трибините. Сепак, Португалецот би можел да има многу поголеми проблеми од поразот во пријателски натпревар.

Педантните фанови на социјалните мрежи, разгледувајќи фотографии од натпреварот, забележаа дека Роналдо под копачките носи штитници од Адидас. Немаше да биде преголем проблем доколку Роналдо не потпишеше десетгодишен договор со Најк вреден 170 милиони долари.

Адидас не е технички спонзор на Ал Наср, туку арапската компанија Дунеус, па не е јасно зошто Роналдо ги носеше штитниците на најголемиот ривал на Најк. Роналдо обично носи персонализирани копачки со фотографија или неговата или неговата фамилија на нив и не е познато зошто овој пат го избра Адидас.

Најк се уште нема официјално соопштение за овој настан, иако не е невозможно Роналдо да има казни во договорот доколку се појави во јавноста во опрема од други производители. Сепак, тешко е да се поверува дека Најк поради ова ќе го раскине договорот со Португалецот, особено откако беше објавено дека Најк ќе биде новиот технички спонзор на Ал Наср.

Scroll to Top