Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал попладнево ќе се борат за трофејот во Карабао купот. Натпреварот се игра на „Вембли“ од 15:05 часот.
Пред натпреварот менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гаврдиола, откри интересен момент од минатото, односно дека сакал да игра во Арсенал кога ја напуштил Барселона, но желбата не му ја исполнил Арсен Венгер.
„Вистина е дека сакав да играм за Венгер во Арсенал. Го побарав за да договориме состанок и тој ме покани во неговиот дом, што навистина беше убаво од негова страна. Му кажав дека сакам да играм во Премиер лигата и дека би сакал да играм во неговиот тим. Сметав дека можам да му помогнам на Арсенал. Можеби беше помалку и арогантен, но тој имаше своја екипа и ми кажа дека за мене нема место во Арсенал“, рекол Гвардиола.