Top Sport

Бјерген најдобра во олимписката историја

Норвежанката Марит Бјерген испиша нови страници во олимписката историја откако го освои осмиот златен медал во кариерата што за неа е 15. медела на зимските олимпијади.

Бјерген победи на трката на 30 километри со масовен старт на Зимските олимпиские игри во Пјонгчанг.

37-годишната Норвежанка до победата во последната трка во Пјонгчанг стигна со време од 1:22:17.6 часа.

Бјерген на Игрите во Пјонгчанг претходно освои злато во штафетната трка, сребро во скијатлон и бронзи на 10 километри слободно и во тимскиот спринт.

Бјерген во неделата стана апсолутен олимписки рекордер, со 15 освоени медали, а според бројот на освоени најсјани одличја на вечната листа листа се израмни со сонародниците Оле Ејнар Бјерндален и Бјерн Дели. Сите имаат по осум златни медали на ЗОИ.

Ветеранката од Норвешка до златото стигна пред Кристи Пармаковски од Финсла и Стина Нилсон од Шведска.

Scroll to Top