Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека неговите играчи треба са соочат со фактот дека Ливерпул во „овој момент е најдобриот тим во светот“.
Ливерпул, по 20.кола, ја предводи табелата во Премиер лигата со 54 бода, седум повеќе од актуелните шампиони Манчестер сити.
Овие две екипи ќе се соочат в четврток во Манчестер.
„Проблем за нас е што овој Ливерпул е фантастичен. Веројатно во овој момент се најдобриот тим во Европа и во светот. Се наоѓаат во врвна форма“, изјавил за британскиот сервис Би-би-си, Гвардиола.
Доколку Ливерпул победи на „Етихад“ ќе стекне десет бода предност во однос на Манчестер сити и во продолжение на сезоната ќе биде фаворитот број 1 за освојување на титулата. Ливерпул нема шампионската титула во Англија од 1990 година.