Пеп Гвардиола, во неделата, го освои својот прв трофеј како менаџер на Манчестер Сити. „Граѓаните“ во финалето на Лига купот славеа над Арсенал со 3-0.
Англичаните по овој триумф на Гвардиола, кој ја одработува втората сезона во Сити, пресметаа дека во својот мандат тој на засилувања потрошил 420 милиони евра.
Гвардиола на клупата на Сити е 21 месец, а за тој период успеал да потроши повеќе пари на засилувања отколку што тоа го направил Арсен Венгер за повеќе од две децении на клупата на Арсенал.
Венгер за 21 година на засилувања потрошил 230 милиони фунти.
Инаку додека бил во Барселона на трансфери потрошил 350 милиони евра, а за три години како тренер на Баерн за засилувања потрошил 200 милиони евра.