Макс Ферстапен во неделата во инфаркт завршница во Абу Даби во последниот круг го претекна Луис Хамилтон и стигна до првата своја шампионска титула во „летечкиот циркуз“.
Тренерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола имаше свој комантар за лудата завршница во последната Ф1 трка сезонава кој се споделува по социјалните мрежи.
„Ферстапен и Хамилтон се неверојатни шампиони, но некогаш успехот не зависи од вас. Понекогаш нешто друго одлучува дали ќе сте шампион или не. Двајцата се прваци. И во фудбалот е слично. ВАР или некоја лоша одлука на судијата може да пресуди да не победите. Од неделната трка заклучивме дека е најважно да се знае дека секогаш мора да се борите. Се што треба да направите е она што го прави Рахим Стерлинг на нашите последни натпревари“ вели Гвардиола.