Шпанскиот стратег на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата на Премиерлигата што заработил жолт картон. Тоа се случи на денешниот меч од „Комјунити шилд“ меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
Се играше 40 минута кога шпанскиот стратег жестоко реагираше по груб старт на Џо Гомез над Давид Силва. Главниот судија, Мартин Еткинсон го забележа тоа и на Гвардиола му покажа жолт картон.
Досега тренерите поради непочитување на фудбалските правила заработуваа преселба на трибините, но во новата сезона во ПЛ и тренерите ќе бидат казнувани со жолт, односно црвен картон.
Pep Guardiola is the first Premier League manager to be shown a yellow card.
That didn't take long ? pic.twitter.com/tqjF6fxYOc
— Football on BT Sport (@btsportfootball) August 4, 2019