Top Sport

„Комјунити шилд“-Сити сезоната ја почна со трофеј, на пенали совладан Ливерпул

Шампионот на Премиерлигата од минатата сезона, тимот на Манчестер Сити со нов трофеј ја започна сезоната. „Граѓаните“ попладнево на „Вембли“ во Лондон на пенали го совладаа Ливерпул во рамки на Суперкупот на Англија, попознат како „Комјунити шилд“.

Најголема заслуга за новиот трофеј на Сити има вториот голман на тимот, Чилеанецот Клаудио Браво. Тој во вториот дел од мечот имаше неколку успешни одбрани, а во пенал-рулетот успеа да го одбрани ударот на Џорџио Вајналдум. Регуларниот тек од мечот заврши 1-1, а по ударите од белата точка Сити славеше со 5-4.

Фудбалерите предводени од Пеп Гвардиола први дојдоа во водство уште во 12 минута. Стрелец беше Стерлинг. На 1-1 изедначи Матип во 77 минута со удар со глава. До крајот на мечот мрежите на двајцата голмани мируваа па победникот требаше да се реши со пенали.

За Манчестер Сити сите изведувачи биеја прецизно, и Гундоган, Бернардо Силва, Фоден, Зинченко и Габриел Жесус го најдоа патот до мрежата.

За Ливерпул, погодија пак Шаќири, Лалана, Окслејд Чембрлен и Салах, а непрецизен беше Вајналдум.

Scroll to Top