Top Sport

Гвардиола за Сане: Ако сака да замине, нека замине

Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека Лирој Сане може да напредува само доколку чувствува дека е среќен во клубот. Младиот фудбалер не е задоволен од својот статус во клубот, а веќе подолго време интересот за не го кријат од Баерн Минхен.

Сане, минатата сезона, беше стандарден на почетокот на сезоната, но во нејзиниот финиш целосно испадна од тимот и најчесто добиваше од Гвардиола по десетина минути по натпревар.

Иако тој не го крие незадоволството клубот му понуди нов договор, но барем засега преговорите се на почетната точка.

„Клубот му понуди да ја продолжи соработката…Многу пати сум го кажал ова, сакам само играчи кои се среќни во овој клуб“, рекол Гвардиола.

Лирој Сане има договор со Манчестер сити до јуни 2021 година.

„Ќе се обидеме да му помогнеме да биде уште подобар. Ние знаеме каков потенцијал поседува. Тешко дека ќе најдете уште еден таков играч во светот. Но, ќе повторам сакам фудбалери што сакаат да бидат тука. Кој сака да замине, нека замине. Јас јасно кажав дека би сакал тој да остане“.

Манчестер сити одбраната на шампионската титула во Премиер лигата ќе ја започнат на 10 август против Вест Хем.

Scroll to Top