Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги предупреди своите играчи да бидат внимателни кога се во јавноста откако полицијата го истражува дефанзивецот Кајл Вокер и наводното наводно покажување на половиот орган во еден бар во Манчестер.
Гвардиола одби да коментира за ситуцијата, велејќи дека се работи за „приватна работа“, која ќе биде разрешена внатревоо клубот, но ги предупреди фудбалерите дека треба да се внимателни кога ќе излезат од својот дом.
„Да, дефинитивно треба да бидат внимателни, за разлика од пред неколку години. Го знаат тоа. Кога ќе ја отворите вратата од својот дом, треба да знаете дека ќе ве снимаат постојано. Тоа е дел од општеството“, вели Гвардиола.
Се очекува Вокер, кој е оженет и има три деца, да продолжи да тренира со Сити додека трае истрагата, и се верува дека шпекулациите дека ќе му биде раскинат договорот се невистинити. Останува да се види дали Гвардиола ќе го постави во игра против Кристал палас во сабота.