Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го повреди скочниот зглоб на левата нога на гостувањето кај Борнмут. Сити избори пласман во полуфиналето на ФА купот со победата 2:1.
24-годишниот Норвежанец ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„Некогаш се случуваат сезони како оваа, кога се случуваат вакви работи. И тоа се случува во текот на целата сезона. Затоа, не би рекол дека ова е крај на сезоната. Жал ми е за сите повреди што ни се случија оваа сезона, вклучувајќи ја и онаа на Ерлинг. Се надевам на негово брзо закрепнување и брзо враќање“, рече Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“.
54-годишникот потврди дека Халанд ќе отсуствува помеѓу пет и седум недели.
Гвардиола не ја крие загриженоста, бидејќи отсутвото на Халанд ќе му создаде големи проблеми во офанзивната линија.
„Немаме такви играчи со такви способности и квалитет, тоа го знаеме. Но мораме да се прилагодиме и бидејќи долги години играме на различни начини, а тоа зависи од квалитетот на играчите, па ќе се обидеме да најдеме решение“, се пожали Гвардиола.