Top Sport

Гвардиола: Женет сум, но го обожавам Гундоган

Пеп Гвардиола уште еднаш откри колку го цени својот фудбалер, Илкај Гундоган, иако се верува дека тој нема да остане во Манчестер сити по крајот на договорот ова летo.

По седум години на „Етихад“, 32-годишниот германски репрезентативец признава дека не направил одлука како ќе ја продолжи својата кариера, а шпекулациите велат дека Барселона е заинтересирана да го „прибере“.

„Го сакам! Го обожавам! Оженет сум, но него го обожавам! Илкај е толку важен играч. Човечки квалитети, лидерство и тоа без многу зборови. Но, кога ќе каже нешто, сите го слушаат. Тој е совршено дефиниран фудбалер. Играч од средниот ред со чувство за гол и асистенции. Толку е интелигентен на теренот што знае секогаш да биде на вистинска позиција“, вели Гвардиола.

Според британските таблоиди, на сопругата на Гундоган, Сара Арфауи и е „смачено“ од животот во Англија и сака да се пресели.

Scroll to Top