Top Sport

Предупредување до навивачите на Партизан: Еден инцидент и салата ќе биде празна

Легендата на кошаркарскиот клуб Партизан, а сега директор на „Штарк арената“, Горан Грбовиќ ги предупреди фановите на белграскиот клуб дека нема да се толерира никаков испад пред третиот меч од плејофот во Евролигата против Реал Мадрид по скандалозниот крај на претходниот натпревар во Мари.

„Слушајте вака, знам едно нешто – ако има било каков инцидент, ако влета некој предмет или не дај Боже, некој се повреди, трибините ќе бидат испразнети за 45 минути, а четвртиот меч ќе се игра без публика. Затоа, памет во глава. Навивајте за Партзан во овој историски меч, Реал е на колена, а Жељко Обрадовиќ и неговиот тим покажаа што можат да направат“, вели Грбовиќ за „Моцартспорт“.

Вториот меч во Мадрид, кој Партизан го доби за да дојде на една победа од пласман во Фајнал фор, беше завршен предвреме откако Серхио Љуљ го удри Кевин Пантер, по што имаше општа тепачка на теренот, а Гершон Јабуселе го тресна Данте Ексум од подот. Евролигата му додели суспензија од пет меча на Јабуселе, еден меч за Габриел Дек, но беш казнет и Пантер со два меча, а Ексум имаше посерозна повреда.

„Нема дилема дека арената ќе бие полна, но верувајте дека ќе биде по микроскоп. Евролигата има свои контролори на секој меч и тоа е нормално. Секој инцидент ќе биде казнет“, додава Грбовиќ.

Scroll to Top