Top Sport

Гвардиола: Знаете зошто другите не се толку успешни како нас? Ние имаме добри играчи, тие не

Манчестер сити е на чекор од четвртата титула во Премиер лигата во последните пет години. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното, 38. коло ќе играат против Астон Вила, додека Ливерпул ќе се надева на кикс на клубот од Манчестер и со победа над Вулверхемптон да стигне до првото место.

Гвардиола во интервју за „Скај спорт“ ја истакна важноста на неговите играчи.

„Неверојатни луѓе и играчи со исклучителен квалитет. Без тоа нема тактики, идеи, ништо“, изјави шпанскиот стручњак.

„Сите тренери имаат неверојатни идеи и тактики. Секогаш кога ќе ме пофалите, не ви верувам ниту една секунда, имам толку многу сомнежи. Зад сето тоа стојат играчите, квалитетот, талентот и трудот. Добри сме кога следиме една идеја. Но, моите идеи не се попосебни од другите. Сум видел неверојатен број талентирани тренери во Премиер лигата“, изјави Гвардиола и дополни.

„Добри, сме кога се обидуваме целосно да следиме една идеја, но моите идеи не се посебни од другите. Најдов неверојатен број талентирани тренери во Премиерлига и Чемпионшип кои не се успешни. Знаете зошто? Тие немаат добри играчи, кои ние ги имаме, толку е едноставно“, изјави Гвардиола.

Scroll to Top