Top Sport

Гвардиола: Знам дека сите сакате Ливерпул да бидат шампиони

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола имал интересна изјава по синоќешната победа над Лестер 1:0. „Граѓаните“ победија со „страшниот“ гол на Компани и сега им треба уште една победа за да ја одбранат титулата.

Во пресрет на последното коло во Премиер лигата, Сити се на врвот со 95 бода, Ливерпул се втори со бод помалку.

„Знам дека сите сакате Ливерпул да биде шампион. Па, тогаш многу ми е жал што се е во нашите раце. Ливерпул во последното коло може да игра без притисок бидејќи не зависат од нивниот резултат“, рекол Гвардиола и се насочил кон последниот меч за неговиот тим и гостувањето кај Брајтон.

„Ќе биде страшно тешко во Брајтон, тие се добра екипа, но ние не се откажавме и кога имавме минус од седум бода, нема да се откажеме ниту сега. Против Лестер игравме неверојатно“, заклучил тренерот на Сити.

Scroll to Top